Мало чудо на природата: Тајната на шарените камења на езерото Мекдоналд

Шареното камено езеро Мекдоналд е доста популарно помеѓу љубителите на природата, а еве како тоа настанало. 

Од светло црвени до светло кафеави, од темно сини до бледо зелени, овие шарени камења на езерото Мекдоналд предизвикуваат воодушевување, како на посетителите на езерото, така и на оние кои го гледаат преку фотографиите кои кружат низ интернет. 

Ова езеро е едно од 700те езера во Националниот парк Глечер кое се наоѓа во Монтана, Америка. 

Поради ниските температури кои го спречуваат растот на планктоните, водата на ова езеро е неверојатно бистра и провидна, дури и на местата каде длабочината достигнува и до 9 метри. 

Мекдоналд не е единственото езеро кое е богато со овие шарени камења, но е едно од најпознатите. 


А која е „тајната на неговиот изглед“, како настанале овие шарени камења?

Се создавало со векови. Камењата се формирани од црвените и зелени карпи, и богато е со железо, а боите се резултат на (не)изложеноста на камењата на топлина и воздух.

На пример, светло црвената боја значи дека карпата се наоѓала во плитка вода и поради повлекувањето и надоаѓањето на водата често била изложена на воздух.

Темно зелената боја ни кажува дека карпата, иако содржи еднаква количина на железо, формирана во длабока вода, не била изложена на кислород. 

Илјада години, водата ги рушела овие карпи на мали парченца, а речната ерозија ги претворила во мазен чакал на кој денеска се воодушевуваме. 

Следуваат неколку слики кои се надевам ќе ве воодушеват и на момент ќе ве остават без здив.





Симоне Спасески

Позитивна личност, комуникативна и дружељубива. Сакам добра музика, добри книги и многу забава. Секогаш се стремам кон нови работи. Обожавам да пишувам. Некои велат дека сум добра личност, забавна и секогаш се трудам да ги насмеам моите најблиски. Сакам патувања, добра фотографија и многу кафе.

Следен Претходен