9 моќни совети кои ќе ви помогнат да го преокренете вашиот лош ден во ден кој се памети

Некои денови се одлични, дури и подобри од тоа што сте очекувале. Но, тука се и оние лоши денови кои знаат да траат и траат. Но затоа, со вас ќе споделам 9 совети кои ќе ви помогнат да го преокренете тој лош ден во еден од вашите најубави.


1. Дишете. Првото нешто што скоро секогаш го правам е дишењето. Длабоко дишам низ носот користејќи го стомакот и се фокусирам на воздухот кој влегува и излегува 1-2 минути. Ова ги смирува моето тело и ум.

2. Направете моќна поза. Изберете некоја моќна поза, застанете самоуверено како Wonder Woman или Superman со раздвоени нозе, главата нагоре и рацете на колковите. Можеби звучи чудно, но навистина може да го промени вашето чувство.

3. Вежбајте. Друга навика која ја користам неколку пати неделно за да го размрдам моето тело е вежбањето во теретана. Ова го правам околу 40 минути и ми помага да се ослободам од тензијата и моите грижи. И секогаш после тоа се чувствувам многу помоќно и поенергично.


4. Прегрнете некого. Прегратка која трае 30 секунди или една минута може да ги наполни вашите батерии и да ослободи неочекувано голема количина на стрес и тензии.

5. Погалете го вашето милениче. Ако немате некој да прегрнете во ваша близина за време на лош ден, тогаш погалете ја вашата мачка, куче, птица и слично. Има многу сличен ефект на смирување и ослободување од стрес.


6. Пронајдете нова гледна точка. Во оваа ситуација си поставувам неколку прашања за да пронајдам подобро гледиште за ситуацијата во која се наоѓам. Моите три омилени прашања се:

· Дали ова ќе биде важно за 5 години од сега?

· Кој се грижи?

·  Кој е оној мал чекор кој можам да го направам за да го преокренам овој ден или ситуацијата во која се наоѓам?

7.  Излезете во природа и уживајте во денот. Оставете го вашиот кауч или работно место на одредено време. Излезете во природа и уживајте во сонцето и неговата топлина. Само да се биде во природа е доволно да ги растргнете вашите мисли и да го преокренете вашето размислување во подобар правец.

8.  Прифатете го она што е. Едно нешто кое понекогаш работи подобро отколку што вие мислите е едноставно да се прифати она што е во овој момент. Со тоа не се откажувате. Не, затоа што кога ќе прифатите се како што е тогаш престанувате да ги храните негативните мисли во вашиот ум со повеќе енергија. И така тие стануваат послаби.

9. Запомнете: понекогаш лошиот ден ќе биде само лош ден. И тоа е во ред. Тоа е животот.



Симоне Спасески

Позитивна личност, комуникативна и дружељубива. Сакам добра музика, добри книги и многу забава. Секогаш се стремам кон нови работи. Обожавам да пишувам. Некои велат дека сум добра личност, забавна и секогаш се трудам да ги насмеам моите најблиски. Сакам патувања, добра фотографија и многу кафе.

Следен Претходен