Најубавите новогодишни пораки за вашите сакани

Немате инспирација за новогодишни честитка која ќе ја испратите на вашите сакани? 


Без разлика дали сакате да упатите кон најблиските, другарите, партнерот или колегите, ние ги собравме најубавите честитки чии зборови ќе ги стоплат срцата на саканите:


Сите лоши работи нека останат во старата година. Ти посакувам многу љубов, смеа и среќа во Новата. За блескав и успешен почеток, Среќна Нова 2021 година!


Посакувам Новата година да ти донесе многу успех и љубов, да уживаш во секој момент и да ги оствариш соништата. Нека секој ден ти биде насмеан и радосен. Среќна Нова 2021 година.


Нека оваа година биде многу поубава од претходната, покрај саканите луѓе заборави на сите проблеми. Тргни во нови победи и очекувај го најдоброто, бидејќи оној кој верува, сè ќе му се исполни. Среќна Нова 2021 година.


Вечерва ќе ги посакам најубавите желби за тебе, остварување на соништата, здравје и многу љубов. Имај блескава Нова 2021 година што ќе ги засени сите недостатоци на годината што измина.


Ти ја посакувам работата од соништата, уживање во секој миг, со песна и во добро друштво да ги избришеш неубавите нешта. Да имаш најубава година, да сакаш и да бидеш сакан и да ти се исполнат сите желби и соништа, бидејќи го заслужуваш тоа. Среќна Нова 2021 година.


Не се откажувај од соништата. Ти си најхрабрата личност што ја познавам, заслужуваш најубава и највесела Нова година. Нека ти биде најсреќна!


Оваа Нова година е совршена за нови почетоци. Ти посакувам година исполнета со авантури, добро расположение и секојдневно уживање во малите ситници. Те сакам и ти ја посакувам сета среќа во Новата 2021.


Нека новогодишната магија трае подолго, исполнувајќи ги сите твои желби. Избриши ги неубавите работи, сврти нов лист и напиши ја твојата нова приказна. Нека секој ден ти биде блескав и волшебен во новата година.


Сè што посакуваш вечерва, посакувам да ти се оствари. Ти посакувам толку бакнежи колку што има ѕвезди на небото. Среќна Нова 2021.


Новата година е на прагот, уште една причина повеќе да ги замислам најубавите желби за тебе. Ти посакувам да зрачиш со оптимизам и среќа, ти посакувам сè затоа што ми значиш многу. Среќна Нова 2021.


Во оваа година заврши ги сите работи кои не успеа во минатата. Ти посакувам успех на секое поле, храброст за секој нов предизвик. Нека Новата година тргне на подобро бидејќи не познавам никој што го заслужува тоа повеќе од тебе.


Пеј, радувај се, трчај и скокај, смеј се, сакај, лудувај, патувај, уживај во малите работи и не заборавај дека ти си причината за нечија насмевка. Искористи со секој нов ден во Новата 2021 година, животот е навистина краток. Направи нешто лудо по што ќе ја паметиш, нешто што е вредно за прераскажување...

извор: ЦрноБело 

Живот и Стил

Портал за подобар, поздрав и посреќен живот💜💫

Следен Претходен