Се што треба да знаете за новата колекција за нега на кожа на Џенифер Лопез

Меѓу многуте урбани легенди кои ги следиме и се огледуваме на нивниот изглед, рутината за нега на кожа на преубавата икона Џеј Ло секогаш е под лупа. 

Познато ни е дека Џеј Ло е танчерка, пејачка која што стана актерка а исто и така прерасна во могул со својата колекција на парфеми користи само од колекцијата Crème de la Mer од глава до пети за која секоја жена ја знае цената од која што боли глава. Постои и муабет дека дури се бања во купка од 10.000 долари. J. Lo ги негираше овие обвинувања но сепак како оваа 51 годишна убавица го негува својот изглед.Oвие денови таа ја дебитираше својата линија за нега на кожа од 8 парчиња која ке биде лансирана на 1 јануари 2021.

Таа на онлајн интервју изјави и праша „Дали сакате да ја знаете тајната за изгледот на мојата кожа? Еве во што е тајната - Маслиновото масло. Мојата мајка секогаш вели дека маслиново масло е лек за се'.“ Тајната во J.Lo Beauty е токму тоа.


Мешавина од ферментирао маслиново масло, екстра девствени масло и екстракт од маслинови лисја. Но, да бидеме искрени, мора да постои повеќе од ова - многу жени имаат користено маслиново масло и воопшто немаат кожа како на Џенифер Лопез.

Таа ги престави двете магични креми/маски Glow Activ Serum кои се иновативен интензивен третман кои се поврзуваат со кожата и не дозволуваат предвремено сушење на кожата и добивање на брчки. Маските се „достапен луксуз”слично како и остатокот од линијата која што вклучува средства за чистење на лицето, гел за пределот околу очите и две хидрантни креми од која што едната е од морски бамбус што ги блокира сината УВ светлина и има 30Ph фактор. 

Џенифер во интервјуто изјави дека кога имала 18 години посетила два дерматолози, едниот и рекол да користи крема за сончање секој ден со што ќе го задржи својот сјај на кожата, а другиот и рекол да стави малку ботокс на некоја мала брчка на нејзиното чело. Таа изјави покажувајќи ја брчката дека нема ставено никаков ботокс и дека го применила советот на првиот дерматолог. Но, исто така изјави дека за убава кожа треба и добра исхрана, вежбање и пиење многу вода.


Моника Тодоров

Обожавам да проаѓам време со моите деца, зависник од old school hip - hop, обожавам soul and blues. Позитивна праведна и креативна до максимум.. Живеам со едно мото "Sky is the limit".

Следен Претходен