Ариана Гранде се вери со Далтон Гомез

Кога се во прашање славните личности и нивниот живот, тука секогаш има некоја вест која прави бум по социјалните медиуми. Една од вестите кои се шират по овие мрежи е свршувачката на Ариана Гранде со нејзиниот избраник, Далтон Гомез.


Непосредно пред Божиќ, Ариана Гранде ја објави свршувачката со агентот за недвижнини во Лос Анџелес, Далтон Гомез. Веста за нивната врска излезе пред една година, откако двајцата беа видени заедно во февруари, иако тие двајца никогаш не открија колку точно излегуваат. Човекот со кој се гледала Аријана Гранде во тој период и со кој се дружела на денот на вљубените е всушност Далтон Гомез и тој е нејзин нов дечко неколку месеци. 

Гранде и Гомез го поминаа карантинот заедно, а тој се појави на нејзиниот инстаграм профил во тој период. Пејачката ја потврди нивната врска во нејзиното музичко видео „Stuck With U" на 8-ми мај минатата година. 

Гомез работи како агент за луксузни куќи. Според неговата биографија, Гомез е израснат во јужна Калифорнија и работи на пазарот на луксузни недвижнини веќе пет години. Тој работи со купувачи од А-листа и продава куќи од милион долари.

Гомез на Гранде и подари веренички прстен со бисер и дијамант. Ариана ја објави веста за свршувачката на 20 декември, споделувајќи ретки фотографии од нив двајца, покажувајќи го дијамантскиот и бисерен прстен што и го дал Гомез. Свршувачката се случи 10 месеци откако парот за прв пат беше виден, во февруари 2020 година.

Ариана скептично гледа на тоа нејзината врска со Далтон да биде јавна, со оглед на тоа што сите нејзини минати врски беа јавни. 

   



Пред Гранде да сподели обемни детали за нејзината врска на социјалните мрежи, таа понуди мал поглед на тоа за време на нивните родендени. Кон крајот на јуни, таа објави серија фотографии, од кои едната беше селфи од парот, под кои напиша „скоро 27“. Откако го прослави својот 27-ми роденден, Ариана сподели уште неколку слики од себе и Далтон како се бакнуваат.

   


За роденденот на Гомез, Гранде даде најголем увид на нивната врска досега на инстаграм. Таа сподели неколку фотографии и видеа од нив двајца, пишувајќи: „ХБД на моето бебе, мојот најдобар пријател, мој омилен дел од сите денови :) те сакам“. Тој не беше обележан на објавата, но таа исто така не ги оневозможи коментарите, за разлика од нејзината последна објава во која се појави Гомез.

Гранде ги сподели првите снимки од неа и Гомез заедно во нејзиното музичко видео со Џастин Бибер „Заглавен со тебе“, за време на карантинот. Таа ја потврди врската со Гомез за време на последната минута од „Заглавен со тебе.“. Двајцата се појавуваат како танцуваат. Ова е прво јавно признание од страна на Аријана за нивната врска.

 


Гранде, кон крајот на мај на инстаграм објави снимка од Гомез, како тој и помага да се фотографира, под која напиша "rain"(дожд) "🥰😭". Тоа беше една од првите неприкриени снимки кои таа ги сподели со него. 

   



Гомез и Гранде првпат беа видени заедно во средината на Февруари минатата година. Во Февруари излегоа снимки од Гранде како се дружи со него во Бар Луи во Нортриџ, Калифорнија. Таа, со него и нејзините пријатели во 1 часот по полноќ пристигнаа и остана околу 30 минути. Дечкото што го бакна Аријана „не беше веднаш препознатлив“. 

Гранде призна дека сега намерно го чува својот љубовен живот далеку од очите на јавноста. Таа немаше објавено на социјалните мрежи за Гомез. Таа објасни неколку дена по објавувањето на веста дека излегуваат. Гранде, на тогаш избришаната инстаграм приказна напиша дека критиките на интернет за нејзиниот личен живот ја натерале да избере да споделува помалку за тоа на социјалните мрежи.

Последен пат, Ариана беше романтично поврзана со Мајки Фостер. Но, повеќе извори потврдија дека всушност, Гранде била сама. Врската на Гранде и Гомез е нејзината прва најмалку јавна врска по нејзината свршувачка со Пит Дејвидсон, која заврши во октомври 2018 година.

Гранде и Гомез имаат многу заеднички пријатели и ниту едно излегување не ни кажува конкретно за тоа како се сретнале тие двајца.

Гомез исто така и помогна на Гранде да ја најде својата сегашна куќа во Лос Анџелес која чини 13.5 милиони долари. Гомез се обидува да остане приватен во овој момент, колку што е можно, бидејќи излегоа вести дека тој и Гранде се забавуваат (и сега се вериле). Агентот за недвижнини и неговото семејство ги направија своите профили на инстаграм приватни. Времето ќе покаже дали нивната врска на крајот ќе стане повеќе јавна или дали ова е врска што Гранде навистина се обидува да ја држи подалеку од центарот на вниманието.

Со оглед на тоа дека работите навистина ескалираа, се шптекулира дека нивната врска е сериозна и дека лудо се заљубени еден во друг. Далтон присуствуваше на MTV VMA наградите, заедно со Ариана. Таа објави фотографија на која се држат за раце. 

Таа официјално има напишано албум за него. 30 октомври ја одбележа новата ера во музиката на Гранде, а се чини дека неколку песни на нејзиниот шести студиски албум се за Гомез. 

Тие го поминаа својот прв Божиќ заедно оваа година. На Божиќ 2020 година, Гранде објави фотографија на која таа и Гомез се милуваат покрај елката како прва фотографија во празнична галерија. „весело :)“, напиша таа.


Ангела Иваноска

Позитивна и ведра личност, најголема љубов - музиката, а најголема страст, пеењето. Љубител на кафе, убава фотографија и добро друштво.

Следен Претходен