Цвеќињата го подобруваат расположението: 4 причини зошто треба да имате свежо цвеќе дома

Цвеќето секогаш дава една посебна елеганција на просторот во кој живеете. Го подобрува расположението и атмосферата во просторијата, дава ефект на разиграност која се вклопува во секој концепт.


Цвеќињата - чуда на природата, можат да направат многу за вас и за вашиот дом, па затоа ќе ви наведеме 4 добри причини зошто треба да чувате свежо цвеќе во вашата куќа. 

Погледнете ги нашите 4 причини зошто треба да имате свежо цвеќе дома и проверете дали можете да искористите некоја од овие неверојатни придобивки:

1. Цветовите го чистат воздухот

Се подразбира дека цвеќињата го подобруваат мирисот во просторијата, но дали знаевте дека некои цветни растенија можат да го филтрираат и чистат и воздухот во просторијата?

  


Лилјани за мир, гербери и бромелии, според студиите, можат да помогнат да се отстранат штетните токсини од воздухот, па дури и да се подобри ноќниот одмор, бидејќи тие даваат големи количини на кислород. Значи, не само што изгледаат свежо, туку и го освежуваат воздухот. Покрај тоа, цвеќињата што луѓето често ги избираат заради мирисот, како што се розите, исто така помагаат да се подобри расположението на луѓето и да се одржи опуштена атмосфера благодарение на нивната ароматерапевтска моќ.

2. Цветовите ја разубавуваат просторијата и вашето расположение исто така!

Не е претерување ако се каже дека малку боја може да помогне многу. Поставувањето цвеќиња во просторијата каде што сте има можност да го направи вашето расположение подобро и исто така да ви помогне да се поврзете подобро со други луѓе.

 

      

Студија на Харвард, направена од Ненси Еткоф во 2006 година, забележа дека учесниците кои поставиле цвеќе во своите домови на локации каде што може да се гледаат од ден на ден, доживеале забележително зголемување на расположението, како и поголемо сочувство кон другите луѓе. Ако чувствувате дека просторијата во вашиот дом е магнет за негативна енергија, можеби со внимателно одбраниот букет тоа ќе го промените.

3. Цветовите можат да го надополнат вашиот ентериер

Одлична работа кај цвеќето е што тие доаѓаат во сите форми, големини и бои. Тие се совршен начин за да ги надополните вашите нови дизајни на домаќинството. Исто така, навистина е лесно да изберете цвеќе за да одговара на различни личности, во зависност од видот на склоноста и стиловите што се обидувате да ги постигнете.

   


Во прилог на ова, цвеќињата се супер лесни за вметнување во дизајнерските карактеристики на вашиот дом. Иако запомнете, тие самите служат прилично добро за украсни цели.

4. Цветовите прават да се чувствувате и размислувате подобро

Сите знаеме дека цвеќето за болен роднина има позитивен психолошки ефект. Сепак, дали знаевте дека има и физиолошки ефекти? Според Парк и Метсон, цвеќето може дури и да го намали крвниот притисок, да го намали чувството на болка и вознемиреност, како и да помогне при замор.


Погледот на цвеќето во вашиот дом може да ви помогне физички да се дестресирате и да се релаксирате. Тие се од голема помош ако учите за испит или се подготвувате за голем проект, како што откриле Раанас, Евенсен, Рич, Сјостром и Патил, дека цвеќињата дури можат да ја подобрат вашата когнитивна изведба (спознавањето), доколку тие се наоѓаат во вашиот работен простор.

Неверојатно е што може да направи еден обичен букет цвеќиња за вашиот дом и вашата благосостојба. Потребно е само вазна, добро избран букет и малку вода.

Цвеќињата даваат посебен печат на вашиот дом, па така, се надеваме дека дознавте нешто повеќе за цвеќињата, за нивната важност и нивниот бенефит од поставувањето во просторот во кој живеете. 


Ангела Иваноска

Позитивна и ведра личност, најголема љубов - музиката, а најголема страст, пеењето. Љубител на кафе, убава фотографија и добро друштво.

Следен Претходен