Сакате природен изглед. Тогаш ви е потребна новата колекција за кожа на Алиша Кис

 Новиот бренд за козметика на R&b на пејачката Алиша Кис конечно во продажба! 


Ако некогаш сте сонувале да имате совршена кожа како пејачката Алиша Кис, официјално имате среќа! Пејачката конечно го објави името на својата линија „Keys Soulcare”.

Името има значење на „личното искуство на Акиша за негата на кожа“. Сите производи се развиени од дерматолог и се Cruelty-free. 

Брендот за убавина е составен од производи кои водат опсег од нега на тело до нега на кожа и шминка.

Брендот има за цел да внесе ново значење на убавината со почитување на ритуалот во нашиот секојдневен живот. 

Keys Soulcare ќе дебитира околу сезоната на празници со три производи – свеќа која ќе ви даде смирувачко чувство, овесно млеко за нега на кожа и крема за лице со трансформирачки концепт како и уште два други производи за нега на кожа кои се планираат  оваа година.


Во 2016 година, Кис славно се откажа од тешката шминка. Во отворено писмо, пејачката го објасни притисокот што го чувствува „Секој пат кога ќе излезев од домот, бев загрижена како изгледам, дали ми треба шминка! Што ако некој ме слика? Што ако ја постира на некоја социјална мрежа? И сето тоа, на еден или друг начин, се засноваше премногу на тоа што другите луѓе мислеа за мене“, напиша таа. "Не сакам повеќе да се прикривам. Ни лицето, ни умот, ниту душата, ниту мислите, ниту соништата, ниту моите борби, ниту мојот емотивен раст. Ништо.


Моника Тодоров

Обожавам да проаѓам време со моите деца, зависник од old school hip - hop, обожавам soul and blues. Позитивна праведна и креативна до максимум.. Живеам со едно мото "Sky is the limit".

Следен Претходен