Македонка која е преселена во Германија ни раскажува за нејзините искуства таму

„Германците обожаваат зборување, сакаат да им биде се до детаљ објаснето. Буквално, наставничка по Германски јазик, со цел нејзин ученик да ја сфати содржината на темата, таа направи ѕвезда во училницата. Тоа ја покажува нивната пожртвуваност и начин да помогнат. “ - 17 годишната Симона ни пренесува дел од искуствата за животот во Германија.


За своите искуства за животот во современа држава како што е Германија, за нивната култура и свест, Симона ни споделува за Живот и Стил:

1. Работи кои ги немаме, а дефинитивно треба?

- Во секоја високо развиена земја, небитно дали е во Европа или на Балканот според моето мислење важи тоа да се интересираш исклучиво за работите што те засегаат тебе, односно да не гледаш кој како е облечен, дали носи маркирана облека, сo какво друштво е опкружен и слично. Културата конкретно во Германија е на многу повисоко ниво од културата во Македонија. Тоа може веднаш да го забележи секој и по само 2 месеци поминати овде. Социјалниот интелект кај луѓето е навистина големо достигнување за разлика од она во нашата земја. 

Сметам дека секој град има своја автентичност и убавина. Сите делови од градот во кој што јас моментално живеам - Дортмунд носат различна приказна со себе. Градот изгледа навистина примамливо и го мами секој турист повторно да го посети. Се наоѓа на листата на првите 10 градови во Германија според најголем број на жители и површина.

Еколошката свест кај населението на ниво на цела држава е нешто на што многу други држави можат да видат за пример ,меѓу кои е и Македонија. Тоа како градот е конструиран, буди некој вид на свежина и задоволство при неговата обиколка.

Училиштата, покрај останатото се примарна цел на градот, каде не е изоставен ниту еден битен сегмент. Естетски и интериерно ги задоволуваат потребите на учениците.

Учениците се обезбедени со таблети, кои ги добиваме од училиштето со цел лесно и ефективно учење при нормална и онлајн настава.


2. Што ти фали од Македонија? 

- Секој почеток е тежок и потребно е време додека се навикнеш на место кое што е дотогаш непознато за тебе и каде што одиш за прв пат таму. Да се одвикнеш од место каде си живеел цели 16 години за краток период е навистина тешко, но возможно.

Првенствено од Македонија ми фали делот од фамилијата што се' уште живеат таму, се разбира блиски другари и другарки со кои успеав да останам во близок контакт. Незаменливо долгите ноќи телефонирајќи со најдобрата пријателка, посетата кај дедо и баба за Божиќ... и многу други ,,ситници" што значат многу. Но, ова беше и одличен тест да сфатам кои луѓе треба да ги задржам во моја блиска околина, а кои едноставно биле до мене и со мене само одреден период.


3. Во што сме подобри од нив?

- Германија е држава во која живеат многу луѓе со различно етничко и национално потекло, каде може веднаш да се забележи кој од која држава доаѓа. Балканот, конкретно срби, македонци и хрвати сме народи што едноставно, скромно и искрено кажано, плениме со својата посебна енергија. Поседуваме чувство на сентименталност, носталгичност, пристрасност, великодушност и дарежливост. 

И останатите народи ги имаат тие чувства во себе, но ние најдобро ги искажуваме. Ова го кажувам конкретно за германците, кои меѓу нас важат за ладен народ,без емоции... Со задоволство сакам да ја демантирам оваа изрека и да кажам дека имам формирано германско друштво кое заедно со своите семејства се многу повеќе од ,,ладен“ народ.

Да не го заобиколиме фактот дека сме подобри во сослушувањето и давање на совети кои безусловно ги имаме и со задоволство ги споделуваме. Ќе потенцирам дека сме единственот народ што најдобро може да ги искаже своите чувства, што можеме во било кое време да сослушаме некој и дадеме добар совет. 

Топлината која ја имитираме на околината не прави примамливи како народ.


4. Колку време ти беше потребно да ја победиш носталгијата кон Македонија и луѓето кои ги остави зад себе? Дали лесно се адаптираше кон нивната култура и начин на живот, нивните правила, колку време ти беше потребно да го совладаш јазикот?

- За почеток, клучен фактор во еден ваков вид на прашање е самиот карактер на човекот. Доколку некој е позатворен тип што потешко прифаќа промеми и тешко се адаптира и бара повеќе време тогаш, тешко е.

Од лично искуство ми требаше краток период додека се навикнам на таа промена. Постојаниот телефонски контакт со семејството и вистинските пријатели не дозволија во целост да го чувствувам тој недостаток.

Со текот на времето основав и овде одлично македонско друштво, исто така и германско и во право се' сите кога ќе кажат дека времето е лек за се'. Можеби после помалку од половина година во целост се адаптирав на новиот живот.

Таков тип на карактер сум што поприлично лесно ги прифаќа промените, па колку и да биле тие драстични. Сакав што е можно побрзо да се вклопам во овој систем со цел да си олеснам сама на себе. Гледав, впивав, учев, се менував и практикував се' што сметав дека ќе ми помогне побрзо да се навикнам.

Морам да не го изоставам фактот кој што сметам дека е битен, а тоа е менување на некои навики или постапки. Да бидам поконкретна, преселбата од мала држава во многу поголема држава како Германија, бара некои мислења и навики кои ги носиме со себе од нашата земја да се променат.

Важат многу правила кои бараат да се почитуваат, и потребно е целосно адаптирање на тукашниот менталитет се разбира без одкоренување на сопствениот идентитет и карактер.Во врска со јазикот не ми беше потребно многу време,бидејќи имав добра основа со самото учење на германски јазик 4 години во основно и 1 година во средно училиште. При разбирање на јазикот немав проблем, но за усовршување на истиот потребна е комуникација.

Стравот да не кажеш нешто грешно, е само препрека која психички те наведува со тоа подолго време да го совладуваш јазикот. Мене лично тоа не ми претставуваше голем проблем, дури важев за ученик со најдобри оценки за само 3 месеци престој во Германија.


5. Доколку сега би имала можност да избереш каде ќе живееш, каде би?

- Ова е едно од почестите прашања што ги добивам од блиски пријатели, но морам да признаам дека немам проблем при одговарање на истото. За живот, во смисла работа, плата, образование, здраство без размислување ќе кажам Германија. Морам да констатирам дека Германија е земја што нуди многу можности и прилики за успешен и среќен живот.

Во поглед на друштво многумина би кажале - Македонија, меѓу кои спаѓав и јас, но како минува времето и моето мислење се менува. Факт е дека на што е можно помала возраст препорачлива е ваков тип на преселба, бидејки од мала возраст си стекнуваш константно друштво во земјата во која живееш.

Лично јас, дојдов на 16 годишна возраст и го имав тоа чуство на недостаток на пријатели се додека не стекнав нови овде. Малку критична возраст на преселба, но сепак среќна сум и благодарна што еве после скоро 2 години успеав да ги задржам пријателите со кои што сум била блиска и во Македонија. 

Познато е дека на секои 3 мессци овде имаме одмор односно есенски, пролетен, летен и зимски. Па ќе заклучам дека за константен живот Германија, а за секој распуст - дружба во Македонија со пријателите и семејството.


6. Дали германците одвојуваат време за дружби или точно е дека „постојано работат“?

- Гермаците се многу принципиелен народ. Тоа го знаат и оние што не живеат во Германија, но најдобро знаат тие што постојано живеат овде. Точно е дека германците изгледаат како ,,ладни" и одбивни, но тоа е само надворешната слика.Така е затоа што во текот на работното време се исклучиво професионални.

Но, за чудо или не, повеќето од германците обожаваат зборување.Сакаат да им биде се до детаљ објаснето, а и инсистираат исто и од другата страна. Ова зависи од професијата, исто така слободно можам да споделам еден момент каде што наставничка по Германски јазик, со цел нејзин ученик да ја сфати содржината на темата, таа направи ѕвезда во училницата. Тоа ја покажува нивната пожртвуваност и начин да помогнат. 

Се разбира дека постојат и од оние „ладните“ но тоа е само карактер каде што сите сме различни и не само во Германија, и кај нас и во било која друга земја постојат такви личности.


7. На кое ниво е културата во споредба со нашата?

- За нивото на културата и еко-совеста мислам дека е повеќе од евидентно. Не сакам да бидам грешно сфатена, или да фалам едно, а да критикувам друго, но сум само искрена и искажувам факти. Германија е една од најеколошко совесните држави, како и градовите во неа.За се постои посебен контејнер каде остатоците уредно се складираат. Луѓето меѓусебно се еколошко-совесни. 

Искуство со озборување за овие 2 години немам.Знам дека разговараат за некој исклучиво во негово присуство, во спротивно таков стереотип од типот озборувања не е присутен меѓу германците. Станување во автобус, метро или воз во присуство на стар човек или бремена жена е дел од секојневниот живот, однесување и совест. За тоа не се учи,со таа совест едноставно се раѓаме. Не само во Германија, ако сме доволно совесни и културни таквото примерно и фино однесување треба да биде присутно не само во Германија, туку во сите држави.


8. Какви се цените на услугите и производите во споредба кај нас?

- Цените се приближно слични,некои и исти,а некои и поефтини од Македонија. Стандарди се во прашање така да со оглед на тукашните плати и останати парични примања цените се сосема коректни и секој може да си ги задоволи потребите. Автобуските карти се плаќаат во зависност на оддалеченоста од училиштето до местото на живеење. Истата таа карта важи за бесплатен превоз до градови што се на 100км оддалеченост од градот каде живееме.




9. Најубавото место кое си го посетила таму, импресии ?

-  На самиот почеток целиот град ми претставуваше голема импресија, со оглед на тоа што е нешто поразлично од дотогашното место на живеење. Подоцна се станува навика. Но, посебно одбележје конкретно за Дортмунд е „Phöenix see“, потоа „Rombergoark“, „Westfallenpark“, „Dortmunder U“, итн. Надвор од Дортмунд едни од поубавите градови се Дизелдорф, Келн, Бохум, Гелзенкирхен, Есен, истите се во околината на Дортмунд и се прекрасна туристичка атракција.

Симона Мицева за Живот и Стил

уредник: Мартин Митев

Живот и Стил

Портал за подобар, поздрав и посреќен живот💜💫

Следен Претходен