(ВИДЕО) Има само три години, а нејзиниот талент ќе ве наежи

Тригодишното девојче, Бриџит Си, живее во Риџфилд, Конектикат, и е најмладата личност што победи на Елитниот национален натпревар на музички таленти, а таа ќе настапува и во Карнеги Хол во Њујорк во ноември.

„Чудо од дете“ минатата година првпат присуствуваше на часови по виртуелно пијано. Нејзината наставничка, Фелисија Фенг, вели дека Бриџит напредувала многу повеќе за шест месеци отколку луѓето кои вежбале со години.


„Многу долго време се занимавам со оваа работа и ретко може да се види како толку мало девојче може да прави толку многу работи, а и да не се плаши да настапи на сцената“, изјави гордата професорка, пренесува Дејли меил. Професорката вели дека Бриџит има неверојатна координација на очите и прстите, иако сè уште не може да стигне до педалите на пијано.


„Бев изненаден колку брзо напредуваше. Неверојатна е“, вели нејзиниот татко Тао Си, додавајќи дека сите во семејството се големи љубители на музиката и дека слушаат различни жанрови, од поп до класична музика.


Оваа пролет, Бриџит победи на неколку престижни музички натпревари и стана најмладиот победник на Националниот натпревар за музички таленти „Елит“, проследен со покана за настап во Карнеги Хол во ноември.


Девојчето, кое наполни четири години овие денови, планира да ги игра делата на Моцарт во Њујорк и ќе биде најмалото дете што некогаш настапило на сцената во Карнеги Хол.


Живот и Стил

Портал за подобар, поздрав и посреќен живот💜💫

Следен Претходен