Mу помага на мозокот подобро да работи, ја омекнува сувата кожа, го спречува развојот на клетките на ракот: Боровинки - причини зошто се толку здрави

Ова здраво овошје му помага на мозокот подобро да работи, ја омекнува сувата кожа, дури и го спречува развојот на клетките на ракот.


Еве неколку причини зошто почесто да ги конзумирате боровинките.


Здрав имунолошки систем

Истражувањата покажаа дека боровинките содржат најмногу антиоксиданти од сето друго свежо овошје и зеленчук досега. Антиоксидансите му помагаат на имунолошкиот систем со неутрализирање на слободните радикали кои влегуваат во организмот.

Најголемиот дел од антиоксидативната моќ што ја имаат боровинките доаѓа од пигментот што им дава темно сина боја.


Го стимулираат мозокот

Ужина од свежи боровинки може да му помогне на вашиот мозок да работи попродуктивно и да размислува побрзо и покреативно. Една студија исто така укажува на тоа дека боровинките ги забавуваат ефектите на стареењето врз меморијата.


Ја ревитализираат кожата

Ако направите маска од две лажички боровинки, две чаши кафеав шеќер и три лажици сок од лимон, вашето лице ќе биде посвежо, бидејќи шеќерот ќе ги отстрани исушените делови на кожата, лимонот ќе и даде сјај, а антиоксидансите од боровинките ќе се погрижат за нејзината мекост.


Добар вид

Две порции боровинки на ден го намалуваат ризикот од губење на видот како резултат на стареење за дури 38 проценти.


Здраво срце

Пет или повеќе порции боровинки неделно го намалуваат ризикот од срцев удар, особено кај жените. Боровинките содржат голема доза на компоненти кои им помагаат на артериите да се шират.


Понизок шеќер

Боровинките имаат ниски гликемиски индекси, па затоа позитивно влијаат на регулирањето на шеќерот во крвта, особено кај луѓето кои веќе страдаат од дијабетес. Пет порции боровинки секој ден ќе доведат до значително подобрување за само два месеци.


Превенција од рак

Антоцијанин, кој го имаат боровинките поради нивната темна боја, ги напаѓа клетките на ракот, а исто така може да го намали интензитетот на раст на веќе постоечкиот тумор. Доволно е да се јаде парче пита со боровинки или половина чаша сок од боровинки - секој ден.


Влијаат позитивно на мочниот меур

Боровинките, како и брусницата содржат компонента која му помага на ѕидот на мочниот меур во борбата против бактериите и инфекциите на уринарниот тракт.


Најздрави се кога се свежи!

Живот и Стил

Портал за подобар, поздрав и посреќен живот💜💫

Следен Претходен