Важен совет за возачите - еве како можете да го оладите вашиот автомобил за само 10 секунди!

Секој возач кој влегол во автомобил кој стоел на сонце подолго време, знае колку е тешко тоа искуство. Ова не само што е многу непријатно, туку може да биде и опасно по здравјето.


Без разлика дали имате клима уред во вашиот автомобил или не, овој трик ќе ви овозможи да го оладите автомобилот кој стоел на сонце за само десет секунди.


Оние кои го испробале овој метод велат дека ја намалува температурата во возилото за околу 10 степени.


Сè што треба да направите е:

- да го отворите прозорецот на страната од совозачот и да ја затворите вратата

- да ја отворате и да ја затворате вратата од страната на возачот

На седиштата, особено ако се од кожа, ставете нешто изработено од памучен материјал (стара маица и сл.) - така полесно ќе седите на нив бидејќи нема седиштето да биде толку жешко.


Покрај тоа, пред да го напуштите автомобилот, ставете некаков вид на обвивка на менувачот на брзина, така што нема да биде толку жешок кога повторно ќе застанете зад воланот.


Она што може многу да помогне да не се загрева многу автомобилот е да се стави алуминиумска заштита на внатрешноста на шофершајбната, што може да се купи во сите продавници со опрема за автомобили. Тоа ги рефлектира сончевите зраци, па нема да се случи вашиот контролен панел и воланот да бидат толку жешки што не можете да ги допрете.

Живот и Стил

Портал за подобар, поздрав и посреќен живот💜💫

Следен Претходен