Сакам да пишувам... за мојот живот!

Живот и Стил ве поттикнува да пишувате и да се изразувате креативно:


Дали сте биле на некое необично патување или пак можеби сте посетиле место во Македонија, за кое вреди сите да слушнат? Дали имате интересна професија за која сакате да ни раскажете или пак имате „обична“ професија со необични ситуации од истата за кои сакате јавно да проговорите?

Дали сте горди што живеете во Македонија или сметате дека одлуката да се отселите од тука е најдоброто нешто што можевте да го направите? Дали сте амбициозен средношколец со некој посебен талент, изреволтиран студент, изреализиран вработен или можеби незадоволен пензионер?

Пишете ни кои се вашите маки и радости во секојдневниот живот. Споделете ја вашата реална приказна со нас.

Важно: Од испратените текстови се прави селекција и само дел ќе бидат објавени. Оние кои се вклопуваат во концептот на сајтот и ќе бидат одобрени за објава, можно е да претрпат мали промени и корекции.

Инспирирајте се и раскажете ни сегмент од вашето секојдневие!

Сите авторски содржини ги очекуваме на формата подолу:



Посетете го нашето катче со веќе објавени текстови и инспирирајте се!